Хрватите не биле заинтересирани за порнографија за време на Мундијалот, еве како и Pornhub се подготви за денешното финале

Точка

15/07/2018

14:14

7.317

Големина на фонт

а а а

Свесни дека добар дел од клиентите ќе гледаат финале од Светското првенство во фудбал, порно страницата Pornhub одлучи да го одбележи денешниот натпревар помеѓу Хрватска и Франција. Така покрај нивното лого во горниот лев ќош се појавија знамињата на двете држави. Односно, Pornhub малку го измешаа редоследот на боите на знамето на Хрватска.

Да, за нив не е важно по кој редослед се боите на хрватското знаме, а не се сомневаме дека ова кај Хрватите ќе развие заговори за Југославија. 

Pornhub претходно оваа недела објави дека Хрватите, кои инаку биле верни посетители на нивната страна, за време на Светското првенство не биле премногу заинтересирани за порнографија.


Според податоците на Pornhub, корисниците од Сенегал биле најопседнати со фудбал и кај нив посетувањето на оваа порно страница се намалила за дури 47 % додека нивниот тим беше дел од натпреварот. Хрватска не се најде подалеку од нив, така што кај Хрватите посетата на оваа страница се намалила за 40 %, веднаш после Иран (45%) и Исланд (42%).

Порно видеа за време на Светското првенство најмалку се гледале за време на средбите помеѓу Уругвај и Португалија, а интересен бил и натпреварот помеѓу Хрватска и Данска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг