Втората вечер од 18 издание од најголемиот регионален фестивал помина во знакот на ритамот на Јамајка, додека Зиги Марли со својот енергичен настап на Главната сцена уште една покажа зошто е неприкосновен крал на реге музиката.
За време на двочасовниот настап, Зиги со реге брановите ја водеше публиката на своевидното патување низ хитовите на својот татко Боб Марли, така што посетителите имале можност да ги слушнат неговите изведби на безвременските хитови "One love" и "Is this love".
После концертот, посетителите од тврдината од 18 век полека се упатиле кон најпознатата бина на Егзит, популарната Денс арена.
Славниот српски диџеј Марко Настиќ ја загреа публиката, а расположените посетители после него се упатија кон електро звуците на Карл Крег, Ротхед и Масео Плекс.
Овогодинешната бина на Денс арената ги надмина сите очекувања, така што беше посветла и поголема, и доколку тоа е можно, погласна!
Најстраствените фанови повторно ги дочекаа раните утрински часови, а додека сонцето полека се појавуваше, десетици илјади "рејвери" ја тресеа земјата со бас звукот и досега невидено светлечко шоу.