Вчеравечер, по светската реге ѕвезда Зиги Марли, главната бина на Егзит ја презема еден од најбараните светски рапери, Френч Монтана.
"Сите сте тука за добра забава, така ли е?", рекол Монтана веднаш на почетокот по што публиката одговорила со громогласни извици.
Освен своите хитови како што се "Unforgettable", "All The Way Up" и "Famous", раперот ги отпеал и песните на своите колеги како "Loyal" од Крис Браун, "Tip Toe" од Џејсон Деруло, "Gucci Gang" од Лил Памп и многу други.
"Сите можевте вечерва да бидете на друго место, но избравте да бидете тука", изјавил Монтана пред публиката и ѝ се заблагодарил на одличната атмосфера.
Френч Монтана непрестајно изненадувал на сцената. Себеси во еден момент се нарекол љубител на "олдскул" музиката, по што на главната сцена "загрмела" песната "Smells Like Teen Spirit" од Нирвана.
На крајот од настапот, раперот ја покажал својата човечност. Со цел да му оддаде почит на својот неодамна починат колега Авичи, тој го извел неговиот хит "Wake Me Up" и со огномет и конфети го завршил настапот, оставајќи ја публиката без здив и со насолзени очи.
По него, на главната сцена настапија Џакс Џоунс, Бурак Јетер и Ерик Касел кој го држеле темпото се до раните утрински часови.