Егзит со 44 илјади посетители на отворањето, еве чии настапи се очекуваат вечерва

Точка

13/07/2018

20:16

2.128

Големина на фонт

а а а

Околу 44 илјади луѓе го посетија отворањето на популарниот фестивал Егзит, соопштија денеска организаторите. "Судејќи по стартот, интензивната енергија и забавата до раните утрински часови, четврток е новата сабота, а ова ќе биде едно од највпечатливите изданија на Егзит досега", се наведува во соопштението до јавноста.

Вчеравечер на Егзит настапи познатата кантавторка LP, светски познатиот балетан Сергеј Полунин, кој заедно со гудачкиот состав Almazian Simphony извел перформанс на тема "лична слобода", која е и мотото на овогодишниот фестивал. 


Потоа следел аудио-визуелен спектакл на небото кој, како што наведуваат организаторите, бил "најграндиозниот огномет во историјата на Егзит" во времетраење од 12 минути.


По огнометот, сцената била резервирана за моментално најголемите хип-хоп ѕвезди - бендот Mигос, чиј настап доцнел околу час и половина, а организаторите велат дека ова доцнење е "во стил на големите ѕвезди".


Вечерва, како главни ѕвезди на вечерта ќе настапат Зиги Марли од 22:30 часот и Френч Монтана кој ќе настапи во 00:30 часот.

Егзит ќе трае до недела, а до крајот на музичката програма, публиката ќе може да ги погледне настапите на едни од најбараните ѕвезди како што се Грејс Џоунс, Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Дисајплс, Нина Кравиц и многу други.


Бендовите настапуваат на околу 40 сцени, а двете главни - "Main Stage" и "Dance Arena" се визуелно и тонски унапредени, како подарок за публиката поради 18-годишното постоење на Егзит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг