Ако не знаете каде да одите на летување, Ким Џонг Ун препорачува да размислите за Северна Кореја.
Иако многумина мислат дека Корејците не знаат да се опуштат, тоа не е баш така.
Како на секое друго место во светот, и Корејците уживаат во шармот што го нуди летото.
Кога ќе огладнат, северокорејците обожуваат да направат скара.
Сепак, за разлика од машките што исто како нас - се облекуваат за на плажа, жените мораат да бидат облечени во малку позатвоен костим за капење.
На одредени плажи сепак им е потребно мало уредување, бидејќи дефинитвно изгледаат како брег на мочуриште. Нормално, на локалните жители како и на жителите на Северна Кореја, тоа воопшто не им смета.
Распеани и разиграни, весели семејства се нормална слика за ова место. Изгледа дека корејците строго се држат до семејните традиции и сакаат да уживаат сите заедно, наместо да одат на летување посебно.
Можеби Северна Кореја не ви е на листата во првите 10 омилени дестинации за летување, но сигурно тоа би било убаво искуство. Туризмот не им е силна страна, но нема човек што не сака да ужива на плажа.