Ова се показатели дека контрацептивните апчиња што ги користите - не ви одговараат

Точка

13/07/2018

10:14

2.214

Големина на фонт

а а а

Овој контроверзен метод на контрацепција има многу предности и недостатоци.

Колку и да се чувствувате сигурно од несакана бременост, подеднакво толку нас нè загрижуваат нуспојавите што се појавуваат после долго користење на контрацептивни апчиња. Гинекологот Пруденс Хол, тврди дека ако се чувствуате депресивно, уморно, со променливо расположение или едноставно се чувствуате лошо, треба веднаш да престанете со конзумирање на контрацептивни апчиња, бидејќи вашето сопствено тело ви укажува дека не ви одговараат. Д-р Хол, се надоврзала на медицинарката Џесика Лау-Лаи, која ги наведува следните симптоми како знак за несоодветни апчиња за вашето тело.

1. Имате многу обилни менструации и интензивни менструални болки


Иако тоа можеби ќе ви изгледа нормално, честото повторување на обилните менструации и силните болки не се вообичаена и нормална појава. Ако ги приметите овие симптоми, консултирајте се со гинеколог за можноста да земате контрацептивни апчиња што содржат помала доза хормони.

2. Често ви се менува расположението

Ова е уште една причина зошто да го консултирате вашиот гинеколог, би требало да ви препише контрацептивни апчиња со помала доза на хормони.

3. Ви се намалува сексуалниот нагон


Овој симптом се смета за нормален доколку го чувствувате во првите неколку месеци од конзумирањето на методот за контрацепција. Но, доколку и после тој период не почувствувате некаква промена во однос на сексуалниот нагон, многу е веројатно да не ви одговараат контрацептивните апчиња што ги земате.

4. Ви се променува апетитот

Без разлика дали ви се зголемува или намалува апетитот, ова е една од најчестите нуспојави што ги предизвикуваат контрацептивните апчиња.

5. Имате вртоглавици, мачнини, а дури и повраќате


Ова се многу сериозни симптоми и не смеете да дозволите да помине многу време, посетете го вашиот гинеколог.

6. Градите ви се осетливи повеќе од обично

Ова не е нешто што е загрижувачки, доколку се работи за нешто што може да се издржи. Меѓутоа, доколку таа болка почне да ви пречи, задолжително да се обратите на гинеколог.

7. Сосотојбата со акните ви се влошува

Контрацептивните апчиња би требало да помогнат во процесот на отстранување на акните, па затоа доколку приметите дека состојбата со акните ви се влошува, обратетет се на гинеколог. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг