Силите на сириската влада денес го истакнале своето знаме над Дара, колевката на демонстрациите против претседателот Башар ал Асад во време на Арапската пролет, откако бунтовниците кои го контролирале градот прифатиле да се предадат, јавила државната телевизија на Сирија.
Првите демонстрации против Асад во 2011. година, започнати во тој град на југот на Сирија, поради лошото постапување на владата кон затворените тинејџери, инспирирале бунт ширум Сирија против децениското владеење. Кризата ескалирала во граѓанска војна во која досега настрадале 400.000 луѓе, а повеќе од 5 милиони ги напуштиле своите домови.
#Syria - #Daraa map after SAA [red] liberated Daraa city, Tafas, Muzayrib, Inkhil, Kafr Shams and dozens of small villages and hills pic.twitter.com/fKc8NZey7I
— The'Nimr'Tiger (@Souria4Syrians) July 12, 2018
Активистот Ахмад Масалмех рекол дека бунтовниците ја прифатиле понудата на владата да бидат амнестирани, а за возврат да овозможат повторно воспоставување на власт во Дара.
Борците кои одбиваат да го прифатат тој договор ќе бидат префрлени со семејствата на делови од сириската територија која и натаму е под контрола на бунтовниците.
Владините сили на 19. јуни започнале офанзива со цел освојување на југозападот на Сирија и областите покрај границата со Јордан и Израел.
Бунтовничката населба Дара била окружена во понеделникот, а во текот на операцијата загинале десетина луца, вклучувајќи и жени и деца. Според условите од договорот, Русија ќе прати воена полиција да го одржува редот во Дара и ќе обезбеди пренос на власта, рекол неименуван активист.
S. #Syria: symbolic photo showing #Daraa-city back under Regime control. Flag raised near Al-Omari Mosque where 1st protests started in March 2011. https://t.co/k0BjNqCcBs pic.twitter.com/j57UBQXPNV
— Qalaat Al Mudiq (@QalaatAlMudiq) July 12, 2018
Хуманитарните групи наведуваат дека повеќе од 300.000 луѓе се раселени од почетокот на офанзивата на владините сили на југот на земјата и дека тие се двжат кон границата со Јордан и провинцијата Кунеитра, на границата со Израел.
Границите на Израел и Јордан се затворени за бегалци, а хуманитарната група "Оксфам" денес соопштила дека не била во можност преку јорданската граница да испорача доволна количина на помош за интерно раселените.