Трамп е државник со најмногу следачи на Твитер

Точка

12/07/2018

21:30

861

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД Доналд трамп е државник со најмногу следачи на Твитер, пред папата Фрање и индискиот премиер Нарендер Модиј, наведено е во годишното истражување на „Tweeplomacy“.

Се наведува дека Трамп во октомври, минатата година го преминал папата и сега е на врвот на таа листа, со 52 милиони следачи. Папата Фрањо има 47 милиони, а индискит премиер, со 42 милиони следачи е трет на листата.

Во Европа, на Твитер води премиерката на Велика Британија, Тереза Меј со 5 милиони следачи, а после неа е францускиот претседател Емануел Макрон со 3 милиони следачи на социјалната мрежа.


Во арапскиот свет меѓу државниците и политичарите на Твитер, доминира јорданската кралица Ранија, која има 10 милиони следачи.

Се наведува дека владите на само шест држави во светот немаат никаква застапеност на таа социјална мрежа - Лаос, Мауританија, Никарагва, Северја Кореја, Свазиленд и Туркменистан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг