Додека некои хороскопски знаци можат да се пофалат со своите способности во кревет, на други тој аспект од животот не им е силна страна. Ви ја претставуваме листата на најдобрии најлоши знаци во кревет.
Луѓето родени во овој знак, едноставно сакаат да им угодуваат на другите. Многу се сексуални и се во состојба на партнерот да му пружат најдобар секс, што некогаш го имале во животот.
Тоа се луѓето што сакаат да бидат совршени во секој поглед, па така и во сексот. Поседуваат одлична сексуална кондиција и знаат што треба да направат за да го задоволат партнерот.
Сексуална кондиција, бујна фантазија и непредвидливост се особините што го красат овој знак. Со задоволство сакаат да слушнат што посакува партнерот и се трудат тоа да го направат најдобро.
Сексот и здравиот љубовен живот на овој знак му се важни исто колку самодовербата и самопочитта. Сакаат така да се чувствува и нивниот партнер.
Луѓето родени во овој знак важат за најсексуални од сите хороскопски знаци. Тие сексот го сфаќаат многу сериозно, дури и кога во него се разиграни и забавни. Спонтани се и малку се диви во кревет.
Лавот е еден од најнежните знакови во кревет. Тие знаат колку е важна љубовта кон партнерот. Добри се во кревет и ги почитуваат желбите на партнерот.
Водолиите се авантуристички настроени во кревет. Сепак, знаат да бидат и малку невнимателни кога се во прашање љубов и секс.
Луѓето родени во овој знак знаат да бидат малку неосетливи кога се работи за туѓите желби во кревет, а не се осудуваат ни самите да кажат што тие навистина сакаат. Иако знаат да бидат забавни во текот на сексот, за нив може да се каже дека се мрзеливи љубовници.
Сексуалната кондиција не е нешто со што јарците можат да се пофалат. Тие уживаат во сексот и знаат да пружат задоволство, но често тоа знае да биде половично и површно.
На нив не им е важно да му пружат задоволство на партнерот, поважно им е тие да се задоволни. Ретко даваат повеќе од тоа што мораат да го дадат. Знаат да бидат многу себични, па дури и непристојни во текот на сексот.
Тука се работи за многу невнимателни луѓе кога е интимноста во прашање. Често се привлечни и добро изгледаат но нивниот перформанс во кревет е малку досаден.
Понекогаш изгледа како поимите секс и Девица да се два различни света. Знаат да размислуваат и фантазираат за сексот, но не им е силна страна да го превземат во свои раце.