Доколку сакате патувањето и одморот на посакуваната дестинација да ви поминат безгрижно, понесете со себе „патувачката аптека“, односно производи што можат многу да ви бидат потребни.
Во случај да повраќате или имате дијареа, каде што се губи голема количина на течности и елктролити од организмот, прва помош би била примената на Orosal 65, прашак за рехидратација, што се раствора во вода и се пие во мали количини неколку пати дневно.
Покрај препаратите за заштита од сонце, кога одите на пат со себе треба да понесете и производи за нега на кожата и после сончање. Пантенол крема и маст помаѓаат во регенерација на кожата, го ублажуваат чешањето, црвенилото и пецкањето, во алергиските реакции.
Jakoderm маста, што е составена од рибино масло и има пријатна арома на кокос е наменета за секојдневна нега на бебешката кожа, кожа на деца и возрасни. Незаменлива е во третирање на изгореници предизвикани од предолго сончање, третман против убод од инсекти и иритација кај мали деца, или за секојдневна нега на сува кожа што лесно се кине и се рони.
За прва помош, кај непријатен пад или некоја друга повреда на кожата, многу е корисно со себе да имате Flexogal фластери. Во „патувачката аптека“ пожелно е да имате и производ за спречување на болест во текот на возењето, производи за намалување на телесна температура, спречување и намалување на цревните инфекции, како и намалување на болки од секаков вид.