Надал призна: Натпреварите со Ѓоковиќ секогаш се…

Дерби

12/07/2018

17:17

3.599

Големина на фонт

а а а

Во своето прво полуфинале на Вимблдон по 2011 година шпанскиот тенисер, Рафаел Надал ќе се соочи со Србинот, Новак Ѓоковиќ кој полека ја крева својата форма.

Надал во тежок натпревар во три сета го совлада Хуан Мартин Дел Потро и со тоа закажа пресметка со Ѓоковиќ, за кого Шпанецот смета дека е еден од најкомплексните тенисери.

- Ѓоковиќ секогаш е голем предизвик за мене. Тој е еден од најкомплексните играчи кои сум ги видел во тенисот. Секогаш е голем тест за мене. Знаеш дека кога ќе застанеш наспроти него нема да го добиеш тој натпревар доколку не го дадеш максимумот - коментираше Надал.

Полуфиналната средба помеѓу Ѓоковиќ и Надал на програмата е во текот на утрешниот ден со почеток од 14:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг