Претерувате со месо и алкохол? Ви се заканува „кралската болест“

Точка

12/07/2018

17:04

6.533

Големина на фонт

а а а

Ако чувствувате силни болки во зглобовите, 'рскавиците, сврзното и поткожното ткиво, тогаш страдате од гихт. За намалување на болките можат да помогнат природни чаеви, храна со помалку зачини и зеленчук. Избегнувајте млеко, месни производи, слатки и алкохол.

Гихтот започнува со силни болки и отоци на палецот на ногата. До воспаление доаѓа поради покачени вредности на уринарната киселина во крвта и урината.

Најголем виновник е исхраната богата со протеини и белковини, кои најмногу ги има во месото и месните производи, но и во млекото и млечните производи, јајцата, мешунките, па крвотокот го полнат со белковини, како што се аминокиселините.

Болен палец

Во нормални околности, уринарната киселина се разградува во крвта и преку урина се отстранува од организмот. Во случај на преголемо внесување на протеини (белковини), организмот почнува да произведува поголема количина на уринарна киселина. Доколку и бубрезите потешко ја излачуваат од телото, доаѓа до зголемена концентрација на уринарната киселина во крвта.


Тоа зголемување на почетокот не претставува голем здравствен проблем и пациентите немаат никакви симптоми. Меѓутоа, како резултат на хиперурикемија, вишокот на уринарната киселина почнува да се претвора во кристали што се распрснуваат низ зглобовите.

Првиот симптом на гихт е многу болен, црвен и отечен зглоб на палецот на ногата. Наслагите од уринарната киселина можат да се манифестираат и како грутки под кожата околу зглобовите и на рабовите на ушните школки. Кристалите можат да се насоберат и во бубрезите, што би довело до камен во бубрег.

Недоволно конзумирање течности ја отежнува работата на бубрезите и филтрирањето на крвта, а исто така и мокрењето нема да биде доволно за да го отстрани вишокот на уринарна киселина.

Затоа, многу е важно да пиете доволно течности, најдобро би било тоа да се лековити чаеви, едно до две литри на ден. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг