Затвореник од Прилеп со нож нападнал двајца полицајци при обид да избега.
„Вчера нападне во кругот на oпштата болница „Борка Талески“ во Прилеп двајца полициски службеници со службено возило вршеле спровод на лицата Р.Т. и Р.С. кои се наоѓаат на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“. Кога Р.Т. и Р.С. завршиле со прегледите во болницата, во моментот кога Р.С. требало да влезе во службеното возило, извадил нож и почнал да замавнува кон полициските службеници и повредил двајца од нив“, соопшти МВР.
Двајцата затвореници биле вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.