Поранешен британски амбасадор во САД брутално претепан

Макфакс

12/07/2018

16:30

223

Големина на фонт

а а а

Сер Кристофер Мајер, поранешен британски амбасадор во САД е сместен во болница откако бил брутално претепан од две лица во лондонската метро станица Викторија.

Сопругата на 74-годишниот британски дипломат, Баронесата Кетрин Мајер, рекла дека повредите изгледаат како нешто кое може да се види само во воена зона.

Британската сообраќајна полиција уапсила 15-годишна девојка и 16-годишно момче под сомнение дека предизвикале тешки телесни повреди. Тие не се идентификувани ниту обвинети.

Нападот се случил вчера, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни по живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг