Причините поради кои се појавуваат изгорениците, е потценувањето на моќта на сонцето. Важно е да ги разберете и да повеќе да внимавате на овие пет митови за сончање и неговите последици:
Дури и кога сте под чадор или некое големо дрво, UV зрачењето се рефлектира на најблиската површина и доаѓа до вас. Затоа е важно да нанесете заштитен фактор и кога сте под сенка, а кога навистина сакате да ја одморите кожата од сончање, појдете во затворен простор, советува лондонскиот дерматолог Даниел Глас, за Harper's Bazaar. Секако, обидете се да не се сончате на средина на денот, кога зрачењето од сонцето е особено силно.
Не само што можете да изгорите кога е облачно, туку може да ги добиете и најголемите изгореници, затоа што UV зрачењето станува поинтензивно кога има облаци, предупредува дерматологот. Затоа, не го прескокнувате нанесувањето на заштитен фактор на секои два часа, дури и кога не сте изложени на сонце.
Секоја кожа е различна и има свој начин за заштита од UV зраците, нагласува дерматологот. Иако вие можеби сте сигурни дека не црвенеете, туку само потемнувате, не сте во право. Иако кожата со потемен тен поретко заболува од меланоми, таа може подеднакво да биде оштетена како кожата на луѓето со посветол ден, што гори веднаш штом се изложи на сонце.
Не постои крема што потполно ја штити вашата кожа. Дури и ако нанесете заштитен фактор 50 (што е за пофалба, и многу е препорачливо), мора да нанесувате на секои 2 часа, доколку сте постојано иложени на сонце, истакнува дерматологот.
Може да им се случи на сите, па за жал и на вас. Овој тип на рак е еден од најчестите и може да се појави во секое време, бидејќи кожата сериозно ја памети направената штета. Според статистиките, еден од пет луѓе, во некој период од животот заболуваат од рак на кожа и тоа е најчесто поради преголема изложеност на UV зраците, наведува Harper's Bazaar.