Трамп се заканил: Еве колку треба да трошат сојузниците на НАТО за одбрана и тоа веднаш!

Точка

11/07/2018

21:11

2.985

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес предложил во Брисел американските НАТО сојузници да се обврзат да трошат 4 проценти од БДП на одбрана, наместо договорените 2 проценти и тоа веднаш, а не до 2025, како што било претходно најавено.

Претставничката за медиуми на Белата куќа, Сара Сандерс, потврдила дека Трамп ја предложил таа идеја на состанокот зад затворени врати. 

Трамп им врши притисок на земјите членки на НАТО да трошат повеќе на одбрана, обвинувајќи ги дека САД ги сноси нивните трошоци за одбрана, бидејќи најмногу дава.

НАТО проценува дека 15 членови, од вкупно 29, ќе ја достигнат целта за потрошувачка од два проценти од БДП на одбрана до 2024. година на основа на сегашните трендови.

Трамп смета дека САД подмируваат најголем дел од трошоците за делувањето на НАТО и одбраната на Европа, додека Европа остварува голем вишок во трговијата со Америка, поради што остро ги критикува своите сојузници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг