"Знаете што? Се враќа дома": Џастин Тимберлејк откри дека вечерва ќе навива за англиската репрезентација

Точка

11/07/2018

20:27

3.292

Големина на фонт

а а а

Џастин Тимберлејк вечерва има концерт во О2 Арената во Лондон, но пред концертот тој дознал дека во прв план е натпреварот помеѓу Англија и Хрватска на Светското првенство.

"Чув дека се случува голем натпревар пред нашиот концерт, па затоа зборував со надлежните на О2 Арената. Вратите се отвораат во 18:30", напишал Тимберлејк покрај видеото. 

Во снимката, тој објавил што припрема пред концертот.

"Малку размислував, имавме лудо шоу во понеделникот. Лудо. Второто следува во среда, но во среда се случува уште една важна работа. Еве што ќе направиме - зборував со надлежните и за прв пат вратата на арената ќе се отвори во 18:30 и ќе го пренесуваме натпреварот помеѓу Хрватска и Англија на големите екрани. Дојдете и ќе го гледаме заедно, јас сакам да гледам, вие сакате да го гледате, сите сакаат да го гледаат", објаснил популарниот пејач.

На крајот тој заклучил: "Знаете што? Се враќа дома", со што дал до знаење дека вечерва нема да навива за репрезентацијата на Хрватска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг