Се разбудил Британецот отруен со "новичок", но опасноста и натаму е присутна

Точка

11/07/2018

20:19

955

Големина на фонт

а а а

Британецот Чарли Роули, кој последните 10 дена се наоѓа во болница по труењето со нервниот агенс "новичок", дошол при свест, јавила денес болницата во Солисбери на југозападот на Англија, каде се лечи.

Болницата соопштила дека е констатирано мало, но значајно подобрување на здравјето на Чарли Роули, кој е во критична, но стабилна состојба и сега е свесен. 

Болницата додала дека тоа е добра вест, но дека уште не поминала целата опасност, дека Роули е многу болен и дека му е потребна специјализирана нега 24 часа дневно во болницата во Солисбери.

Главната претпоставка на полицијата е дека отровот е поврзан со нападот со истиот моќен нервен агенс со кој, на почетокот на март, биле отруени двојниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солисбери.

Полицијата и натаму се обидува да утврди каде Роули и неговата партнерка биле изложени на силна доза од овој нервен агенс. Полицијата детално пребарала повеќе места кои ти ги посетувале во Солисбери и во Емјмсбери, каде Чарли Роули имал стан.

Старџес умрела по осум дена минати во болница и по нејзината смрт била отворена истрага за убиство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг