Трговската војна ги потопила берзите: Хаос по новите закани со тарифите на САД и Кина

Точка

11/07/2018

20:00

2.237

Големина на фонт

а а а

Акциите на компаниите на светските берзи денес се во остар пад поради новите взаемни закани со тарифите меѓу САД и Кина.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, подготвува план да воведе тарифи на уште 200 милијарди долари увозна роба од Кина, соопштил вчера еден висок американски службеник, на што Пекинг реагирал со осуда на новите закани од Вашингтон и ветил дека ќе возврати со силни и остри мерки за одмазда. 

На европските берзи на претпладневното тргување францускиот индекс "КАК 40" паднал за 1,1 процент на 5.376, 49 поени, а во Лондон индексот "FTSE 100", кој ја мери вредноста на акциите на британските компании, паднал за 1,4 проценти на 7.558,34 поени. Германски ДАКС, потонал за 1,2 проценти на 12.457, 32 поени.

Индексите во САД по 4-дневните добивки на денешното отворање од тргувањето ќе бидат на пониско ниво. "Dow Jones" фјучерсите изгубиле 0,9 проценти од вредноста, симнувајќи се на 24,710 поени, а а широкиот индекс "S&P 500" на терминското тргување ослабел за 0,8 проценти на 2.744,80 поени.

На азиските пазари, јапонски "Nikei 225" е во загуба за 1,2 проценти на 21.932,21 поен, а јужнокорејскиот "Kospi" е заклучен во минус од 0,6 проценти на 2.280,62 поени.

Индексот на хонгконшката берза, "Hang Seng" паднал за 1,3 проценти на 28.311,69 поен, а шангајскиот композитен индекс паднал за 1,8 проценти на 2.777,77 поени. Паднале и акциите на пазарите на Тајван и во југоисточна Азија.

Американската референтна нафта "WTI" поевтинила за 69 центи на 73,42 долари за барел, а северноморската нафта "Brent" паднала за 1,94 долари на 76,92 долари за барел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг