Рама: Ќе ги решиме проблемите со Грција

Макфакс

11/07/2018

18:58

473

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер, Еди Рама е уверен дека Тирана и Атина ќе ги заокружат преговорите со нов документ за стратешка соработка. Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, тој рече дека Албанија и Грција работат на решавање на отворените прашања и ја истакна неопходноста од постигнување на договор што би довел до продлабочување на сораборката меѓу двете земји.

„Најважно е не само да ги решиме проблемите, туку и да го искористиме решавањето за преминување кон ново ниво на соработка и партнерство“, истакна албанскиот премиер. 

Рама изрази и задоволство од договорот за името што го постигнаа Македонија и Грција. 

„Грција и ‘Северна Македонија’ постигнаа договор благодарение на храброста и визијата на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои презедоа голем ризик да договорат многу тешко прашање, но и покажаа дека доколку има желба, постои начин“, рече Рама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг