„Да не се повторат поплавите“ – Гази Баба најави проект за поројните води на Скопска Црна Гора

Макфакс

11/07/2018

18:51

1.118

Големина на фонт

а а а

Општина Гази Баба соопшти дека ќе работи на разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора, чии делови се прогласени за ерозивни подрачја.

„Делови од Скопска Црна Гора се прогласени за ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија, две нивоа кои означуваат дека постои трошење на земјата во овој предел. Како најкритични, експертите ги посочија селата Раштак, Булачани, Црешево, Страчинци и Брњарци, а има и опасни водотеци кои исто така доведуваат до водна ерозија. Според истажувањата на тим од професори од Шумарскиот факултет, вкупната површина на ерозивно подрачје во оваа општина е 3441 хектари“, соопшти општината. 

Од Гази Баба најавија дека заедно со Центарот за развој на Скопски Плански Регион, ќе работат за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора, истакнувајќи дека со заеднички средства ќе изработат студија преку која ќе ги мапираат проблемите за ефикасно да бидат решени. 

Гази Баба наведува дека целта е преку овој долгорочен проект да се спречи водната ерозија во овој регион и никогаш да не се дозволи да се повтори катастрофалната поројна поплава која се случи во август, 2016 година, во која најзасегнати беа токму овие села во подножјето на Скопска Црна Гора.



Спонзорирани линкови

Маркетинг