Грант од 4,6 милиони евра од Швајцарија за комуналната инфраструктура во Гостивар

Макфакс

11/07/2018

14:18

381

Големина на фонт

а а а

Грант од 4,6 милиони евра неповратни средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура во Гостивар.

Денес, во Министерството за финансии, беше потпишан договор со кој овој грант се става на располагање на општината. Договорот го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП Комуналец – Гостивар Исак Лазами и претставник од КфВ банката, која е администратор на грант средствата, Рене Ескеман.

Вкупната сума која ќе се инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во Гостивар е 7,2 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за набавка на опрема за откривање протекување вода и со тоа намалување на загубите на вода, предвидени се средства за нови резервоари, за нови цевководи и подобрување на мрежата.

Покрај грантот од Швајцарија, Гостивар за реализација на овој проект ќе добие и 250 илјади евра грант од КфВ банка, како и заем од Владата во износ од 1,7 милиони евра. Исто така, општината ќе учествува со сопствени средства во проектот со износ од 682 илјади евра.

Набргу грант средства за комунални проекти од КфВ банката ќе се доделат и за општините Радовиш и Кавадарци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг