Заев: Партиите заедно ќе ги утврдуваат деталите за референдумот

Нетпрес

11/07/2018

13:04

595

Големина на фонт

а а а

Во синоќешното интервју за грчката телевизија, АНА-МПА, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека по Самитот на НАТО, сите партии заеднички во Собранието ќе ги утврдуваат деталите за најавениот референдум.

Тој изразил оптимизам околу неговиот исходот и апелирал сите политички фактори во Македонија да придонесат за негово успешно спроведување.

Се надеваме дека сите фактори ќе бидат доволно мотивирани да придонесат референдумскиот процес да има најголем успех, бидејќи е многу важен за нашата земја, рекол Заев.

Македонскиот премиер кажал дека по референдумот би имало временска рамка од 90 до 110 дена потребни за правење на промените во Уставот. Заев изразил очекување дека процесот би можело да заврши кон средината на јануари следната година, по што, ако целиот процес е успешен, ќе остане верификација на договорот од страна на грчкиот парламент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг