Што правеше Американскиот милијардер во пештерата? Некои го фалат, а некои го обвинуваат за самопромоција и дека сакал да ја украде славата на вистинските херои!

Точка

11/07/2018

22:09

10.618

Големина на фонт

а а а

Една од најсложените акции за спасување во историјата е среќно завршена и сите 12 деца и нивниот тренер конечно биле извлечени од тајландската пештера, живи и здрави.

Сега, на крајот на цела оваа драма многумина се прашуваат, што правел Илон Маск таму? Првиот човек на "Tesla" и "SpaceX" беше активен за време на целата операција на социјалните мрежи и постојано упаѓаше во командантиниот центар и ја нудеше својата помош. 

Поради тоа некои го фалат, а многумина го критикувале и обвинувале дека им пречи на спасувачите и ја користи оваа тешка ситуација за своја самопромоција. Како и да е, неговата помош на Тајланд на крајот не била потребна. Пронаоѓачот и милијардер им понуди на спасувачите посебно дизајнирана мини подморница со која децата би биле извлечени низ тесните и опасни тунели, но командантот на операциата ја одби неговата помош, бидејќи таа била сосема непрактична за таа мисија за спасување.

Маск за прв пат се огласи на Твитер пред 6 дена откако му било сугерирано да им помогне на заробените деца. Маск веднаш ги повикал тајландските власти и им понудил помош. За почеток ги испратил своите инженери кои се специјалисти за бушење, но неговиот план пропаднал поради технички проблеми.

Потоа се присетил на идеја да се обиде со детска подморница, односно дел од ракетата SpaceX Falcon. Спасувачите веднаш го преудпредиле дека подморницата може да ги блокира тесните тунели во пештерата, но тој им порача дека ќе направи реплика на подморницата и ќе провери дали ќе заглави некаде во пештерата.

Два дена Маск во пештерата ја испробувал подморницата, но сепак не била употребена. Милијардерот им ја оставил подморницата на спасувачите за секој случај доколку им биде потребна.

Сите напори на Илон Маск да им помогне на спасувачите во поширокиот дел од јавноста предизвикале воодушевување, но голем број на луѓе баш и не се сигурни во искрената намера на Илон.

"Секој кој барем малку познава географија знае дека подморницата на Маск е сосема неупотреблива за оваа мисија. Јас знам малку подобро, бидејќи студирав инжинерство. Меѓутоа, тој од неа не сакаше да се откаже до последниот момент и светлата на рефлекторите ги пренасочи кон себе. Илон не си во право!"

"Чекајте, дали е можно Маск да се промовира на операција за спасување на деца? Зошто Илон сака да изгради слава преку тајландските спасувачи?", се запраша еден коментатор на социјалните мрежи.

"Илон Маск е вистински мајстор за самопромоција и тој сигурно знае како да дојде на насловна страница. Меѓутоа, да бидеме искрени...Човекот се вклучи во операцијата дури кога армијата на фанови го молеа да помоне, претходно тој не се огласи", вели експертот Рори Силан Џоунс за BBC.



Спонзорирани линкови

Маркетинг