Од победничка атмосфера до судир со полицијата, Париз синоќа се претвори во бојно поле

Точка

11/07/2018

10:07

3.674

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе од Париз излегле на улиците на главниот град на Франција да ја прослават победата и влезот во финале на француската фудбалска репрезентација, што дури настанале и нереди низ градот.

Биле запалени бакли, подготвен беше и огномет, а на крајот дојде до судир со полицијата. Навивачите фрлале камења, чаши, бакли, а париската полиција со часови се обидуваше да се справи со навивачите. 

На крајот биле употребени и солзавци, а ангажирани биле сите расположливи сили на полицијата на Париз, марици, специјални единици, но ниту тоа не беше доволно за да се смират насилните навивачи кои главните улици на Париз ги претвориле во бојно поле, пренесува BBC.






Спонзорирани линкови

Маркетинг