Спасено единаесеттото момче од пештерата, остана уште едно и тренерот

Макфакс

10/07/2018

13:14

1.184

Големина на фонт

а а а

Спасено е единаесеттото момче од пештерата во Тајланд, потврди „Гардијан“. Тоа значи дека во пештерата останаа заробени само уште едно од децата и нивниот тренер.

Претходно денеска, светските медиуми јавија за спасувањето на две деца.

Во тек е третиот ден од спасувачката операција за 12-те момчиња и нивниот тренер кои повеќе од две седмици беа заглавени во пештера во Тајланд. Официјалните лица очекуваат акцијата да заврши во текот на денот и сите да бидат спасени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг