Не е на НАТО да го коментира исходот од референдумот, вели заменичката на Столтенберг

Макфакс

10/07/2018

12:54

1.372

Големина на фонт

а а а

“Не е на НАТО да го коментира исходот од референдумот”, рече во краткото интервју за “Макфакс”, заменичката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Роуз Готемолер пред почетокот на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел.

“Испраќаме порака на охрабрување. ПЈРМ е на прагот да биде побезбедна и постабилна”, изјави Готемолер.

“Очекуваме да седнете на масата на НАТО во најскоро време”, додаде заменичката на генералниот секретар, која за себе вели дека е ветеран за ратификација на договори.

“Следува тешка работа да ги убедам сенаторите”, рече Готемолер.

На прашање на “Макфакс”, дали е некаква порака тоа што македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов не присуствува на Самитот на НАТО, рече:

“Има различни аранжмани кој ги претставува државите. Тоа е до вашата Влада”.

Готемолер изјави дека никогаш не била во Македонија.

“Ова е историски момент за вас, но е важен и за НАТО од аспект на зајакнување на стабилноста и сигурноста на Западен Балкан”, потенцира Готемолер.

“Малку сум му љубоморна на Столтенберг бидејќи веќе ја посетил Македонија. Тој е воодушевен од вашата земја”, вели Готемолер и додаде дека едвај чека да ја дојде во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг