Извлечено е уште едно момче во спасувачката акција во Тајланд, јави „Ројтерс“. Информацијата ја потврди и „Гардијан“.
Со тоа, денеска се спасени две момчиња, а во пештерата остануваат последните две и нивниот тренер.
Се чека официјална потврда за спасувањето и состојбата на деветтото и десеттото момче.
Во тек е третиот ден од спасувачката операција за 12-те момчиња и нивниот тренер кои повеќе од две седмици беа заглавени во пештера во Тајланд. Официјалните лица очекуваат акцијата да заврши во текот на денот и сите да бидат спасени.