Тој е самопрогласен муслимански војник кој е од глава до пети со тетоважи, а дамите не можат да одолеат на неговите голи фотографии

Точка

04/07/2018

18:02

24.709

Големина на фонт

а а а

Самопрогласениот "муслимански шитски војник" од Сиднеј, кој целото тело буквално го прекрил со тетоважи е исто така зависник од теретана и изгради армија на следбеници на Инстаграм каде објавува фотографии од својот раскошен живот.

Тој е познат како "YakiBoy", а на социјалните мрежи често објавува фотографии од скапите и спортски автомобили, како и од посветеното и напорно вежбање во теретана. 

Неговите следбеници на Инстаграм, кои ги има повеќе од 60.000, имаат можност да ги погледнат и неговите голи фотографии, пренесува Дејли Меил.

Меѓутоа, неодамнешните фотографии го откриваат раскошот на неговиот живот.

Така, YakiBoy ужива во возењето на автомобилот вреден 180.000 долари, Версаче постела и многу друго. Ѕвездата на социјалните мрежи ги почестува следбениците со фотографии од теретана, но и голи фотографии каде половиот орган го крие со емотикони.

Голите фотографии покажуваат дека неговото тело е сосема прекриено во тетоважи, но покрај провокативните објави тој споделува и мотивациони говори. За себе вели дека е муслимански шитски војник.

Но, сепак не сите го поддржуваат во она што го прави како и неговите тетоважи. Критичарите велат дека неговите тетоважи не се дозволени од Алах во муслиманската вера и дека алкохолот, тетоважите и верата не одат заедно.

Но, YakiBoy истакнува дека не припаѓа во ниту една група, иако бил близок пријател со Паскал Барбаро, на кој му било пукано во глава во 2016 година. Барабро беше поврзан со мафијата и гангстерите од Сиднеј.





Спонзорирани линкови

Маркетинг