ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот Македонија се откажува од привремената спогодба со Грција

Макфакс

29/06/2018

15:50

1.393

Големина на фонт

а а а

Со договорот за промената на името Македонија доброволно се откажува од привремената спогодба помеѓу Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца. Ова на прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овој договор Македонија дополнително се откажува и од пресудата на меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, пресуда која нотира дека Македонија е во право, а Грција не е во право и истовремено наложува на Грција дека не смее да ја блокира Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Тоа е нешто што беше тешко стекнато и беше победа на нашата дипломатија во тоа време. Заев и Димитров само со еден потпис ја укинаа одлуката на судот на Обединетите Нации во Хаг. Со овој договор Заев и Димитров се ставија над меѓународното право кое беше на страната на Македонија и истото го погазуваат“, рече Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека договорот директно задира во идентитетот и јазикот, се менува Уставот и секаде ќе бидеме Северна Македонија.

„Заев лаже дека нема да има промена на кодовите. Согласно овој договор за промена на името кој што го потпишаа Заев и Димитров кодовите се менуваат и наместо МК и МКД ќе биде НМ и НМК“, рече Ѓорѓиевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг