ВМРО-ДПМНЕ: Kапитулантските политики на Заев не нѐ придвижуваат ни милиметар кон ЕУ

Макфакс

27/06/2018

09:48

1.077

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека срамниот капитулантски договор со кој, како што велат, се откажал од името Република Македонија и сѐ што е македонско, актуелниот премиер го правдал со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки.

„ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не нѐ придвижуваат ни милиметар на патот кон истата. Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори. Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции. Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот. Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека Заев како премиер ја разорува државата повеќе од една година.

„Откако Зоран Заев е на власт државата оди назад. Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина и се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе. Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните. Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници“, истакнуваат од партијата од каде додаваат дека ЕУ дала јасна порака оти Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг