Зоран Заев треба да одговори пред македонската јавност дали неговиот татко, исто како и тој самиот, имал проблеми со институциите и законот и бил гонет за кражба на струја, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција по обвинувањата од СДСМ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја градел академската кариера со непотизам.
„Дали е точно дека Панче Заев, таткото на Зоран Заев, бил на суд за кражба за над 15 000 киловати електрична енергија? Зоран Заев е должен да одговори колку Вице Заев и останатите членови на криминалниот картел го имаат зголемено капиталот откако Зоран Заев е дојден на власт“, рече Стоилковски.
Според него, СДСМ е исплашен од фактот дека граѓаните единствен заштитник на национални и државните интереси гледа во ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседателот Христијан Мицкоски.
„Затоа СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да фрли дамка врз неговата професионална богата кариера и биографија. Обидот да се оцрнат ценети професори кои оставиле белег во академската средина, покажува колкав е очајот на СДСМ да се направи дефокус од капитулантскиот договор и согласноста за бришење на Република Македонија и на Македонците, нејзината историја, култура и традиција“, рече Стоилковски.