Костадинов: Постои основaн сомнеж дека Мицкоски академската кариера ја направил преку непотизам

Макфакс

26/06/2018

16:39

1.365

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски должи одговори пред граѓаните за тоа на кој начин ја изградил академската и професионална кариера, рече денеска во изјава за медиумите Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Како што нагласи Костадинов, јавно достапните информации се основан сомнеж дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ професионалната кариера можеби ја направил преку непотизам, благодарение на неговиот татко, Иван, етаблиран професор на Машинскиот факултет.

„Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко. Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Од толку многу професори Мицкоски бил асистент токму кај својот родител“, рече пратеникот од СДСМ и коалицијата.

Потоа тој го презентираше распоредот на предавања на Машински факултет за летниот семестар во учебната 2015/2016 година.

„Јасно се гледа дека на трите предмети што ги предава професор Иван Мицкоски, асистент не бил никој друг туку неговиот син, Христијан. Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски, како ко-автор е наведен токму неговиот татко, професорот Иван“, нагласи Костадинов и додаде дека секој политичар којшто ја бара довербата на граѓаните мора искрено и чесно да одговори на сите прашања, особено кога станува збор за прашања коишто го доведуваат во прашање неговиот кредибилитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг