Докторите од пациентите можат да слушнат навистина многу работи, но едно барање навистина било шокантно. Имено, докторот Адам Кај од Велика Британија водел белешки за неговите искуства и ги претвори во книга "This Is Going to Hurt".
Една приказна од породилиштето е навистина шокантна. "Пациентката изрази желба да ја изеде својата плацента. Бабицата и јас се правевме дека не ја слушнавме, прво не го знаеме протоколот на болницата во овој случај, а второ бидејќи навистина е одвратно. Пециентката тоа го нарече плацентофагија, за да звучи официјално, што нема смисла ниту малку. Не можете да направите нешто службено со преведување на старогрчки јазик", пишува Кај.
"Го пренасочувам разговорот на поважни работи како што е раѓањето на бебето. Тоа се случува без проблеми и бебето е добро...Неколку минути подоцна излезе плацентата и чекам непријатна дискусија со пациентката за тоа што ќе правиме со неа. А таа го зема садот во рака и во устата ја става згрутчената крв. "Тоа е плацента?", праша додека крвта се слеваше надвор од устата, поради што изгледаше како наследник на Дракула. Ѝ објаснив дека тоа се само некои грутки крв кои ги оставив во садот после породување. Потоа таа пребледи. Изгледа плацентата не била толку вкусна како што очекуваше да биде. Го подигна садот и почна да повраќа, буквално насекаде", сликовито опиша докторот.