Трудницата предизвика фама на “Инстаграм“: Дали гледате некој спорен детал на фотографијава?

Точка

23/06/2018

16:58

4.688

Големина на фонт

а а а

Веруваме дека досега сте гледале фотогрфии од најразлични изданија на познатите, но една фотографија којашто ја објавила на “Инстаграм“ раперката Карди Би предизвика енормна контроверзија и врева во јавноста. Пред да ви откриеме што е она што ги вознемири нејзините следачи, погледнете ја убаво фотографијата. Дали гледате одреден спорен детал на фотографијата?

За среќа, постоеа и онакви коишто на фотографијата ја забележаа само трудницата и беа воодушевени од неа, велејќи ѝ дека е најубавата трудница којашто некогаш ја виделе.


На некои им упаднаа во очи бројните тетоважи на телото на идната мајка, а потоа во коментарите се вклучиле и одредени критичари. На најголемиот број од нејзините следачи им пречело тоа што Карди позира во штикли, а нивната порака гласеше:

“Потпетици и бременост не одат едно со друго.“

А оние посуровите иронично ја коментирале килажата на раперката, велејќи дека им е чудно тоа што таа воопшто останала трудна.

Вистина е дека Карди Би е провокативна и не е случајно тоа што штиклите завршиле на оваа фотографија. Сепак “Инстаграм“ е друштвена мрежа кадешто е дозволено да се изнесуваат различни коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг