Џони Деп за разводот и пороците: "Паднав на дното, не можев да ја поднесам болката"

Точка

23/06/2018

17:04

6.927

Големина на фонт

а а а

Во интервју за списанието "Rolling Stone", актерот Џони Деп ја отворил душата и открил детали за банкротот, пороците и животот по разводот. Со новинарот на списанието, тој се сретнал во изнајмен стан во Лондон (за кој треба да издвоите 10 илјади долари за една вечер), каде пушел микс од тутун и марихуана и многу пиел, а веднаш на почетокот на разговорот тој му понудил вино на новинарот.

"Не е вистина дека месечно трошам 30 илјади долари на вино, трошам многу повеќе", изјавил Деп. 

Освен тоа, славниот актер признал дека многу пател по разводот со Амбер Херд.


"Паднав толку ниско што не можеше пониско од тоа. Следниот чекор беше - ќе стигнеш некаде со отворени очи и ќе заминеш со затворени. Не можев да ја поднесам болката", признал тој.

Актерот открил и дека за време на турнејата со неговата бендот "The Hollywood Vampires", започнал да пишува мемоари на стара машина за пишување.


"Oтсекогаш сум сакал да правам само добро и мислам дека тоа и го правев. Не знаев што ме снајде. Едно утро ја наполнив чашата со вотка и седнав зад машината за пишување. Вечерта очите ми беа полни со солзи што не можев дури ни да го прочитам текстот", наведува актерот.

 Во периодот по разводот, Деп останал без неговите пари, а тој истакнал дека не можел да ја процени тежината на ситуацијата додека не изгубил се.



Спонзорирани линкови

Маркетинг