Згодната мајка на Лука Дончиќ го украла шоуто на НБА драфтот: "Далас веќе победи"

Точка

23/06/2018

16:34

7.956

Големина на фонт

а а а

Мајката на Лука Дончиќ го украла шоуто на НБА драфтот во Њујорк. Дончиќ е новиот играч на Далас Маверикс, со што младиот кошаркар стана вториот најизбиран играч на драфт од просторите на поранешна Југославија, а навивачите на неговиот нов клуб се воодушевени од неговата згодна мајка.

Мирјам Потербин била танчерка и модел, а денес води своја сопствена продавница за убавина, додека неговиот татко професионално играл кошарка во Европа. 

"Далас го избра Лука Дончиќ и неговата мајка. Драфтот е завршен, тие веќе победија" и "Мајката на Лука Дончиќ е толку згодна што неговиот татко кој играл кошарка воопшто не беше споменат кога тој беше избран", се само дел од реакциите на појавувањето на Мирјам во Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг