Пејачката се соблече гола да го промовира албумот: "Време е мама да се врати на сцена"

Точка

23/06/2018

15:52

5.998

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка се соблече на своите 37 години со цел да го промовира својот нов албум по име "Liberation". Кристина Агилера објави дека конечно се враќа на музичката сцена и тоа под продуцентската палка на Каније Вест.

""Време е да бидам ослободена" со цел да ги инспирирам останатите да го подигнат својот глас", вели Агилера. 

Изгледа дека пејачката интензивно работи на враќањето на музичката сцена, а признава дека нејзината ќерка Самер баш и не е воодушевена кога Кристина вежба пеење дома.


"Кога пејам дома, таа тропа на вратите и вели дека ѝ пречам додека гледа Peppa Pig", рекла пејачката во интервју за Џими Фелон. Сепак, вели дека е упорна во тоа што го работи и дека се обидува да прави баланс помеѓу мајчинството и кариерата.

"Како луѓето успеваат да имаат деца и одат на турнеја?"

"Последниот пат кога бев на турнеја, бев бремена со синот...Од тој момент си повторував, како луѓето успеваат да имаат деца и одат на турнеја? Но, знаете, време е мама да се врати и да го прави тоа за коешто е родена", отворено рече Кристина.

Пејачката е мајка на три годишна ќерка Самер и 10 годишен син Макс од првиот брак со сопругот Џордан Братман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг