Видео кое разбесни многу родители: Можете ли да го забележите детето кое се дави во базенот?

Точка

23/06/2018

16:01

4.614

Големина на фонт

а а а

На интернет се појави снимка која покажува како еден спасувач му помага на девојче кое бавно се дави во преполниот базен.

На снимката за која се верува дека настанала во САД, се гледа како едно девојче повеќе пати исчезнува под вештачките бранови, пред спасувачот да ја воочи ситуацијата и брзо да доплива до неа. 

Доколку може да му се верува на видеото, таткото на девојчето кое инаку е со потешкотии во развојот, се наоѓал прилично далеку од својата ќерка, што разбесни бројни родители на социјалните мрежи.


Според експертите за безбедност во вода, голем дел од децата кои се дават, умираат на оддалеченост од 25 метри од своите родители или други возрасни лица, пишува "Daily Mail".

Спасувањето било успешно, а видеото од Јутјуб каналот "Lifeguard Rescue" станало вирално на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг