Почина Вини Пол, тапанар и соосновач на легендарниот хеви метал бенд

Точка

23/06/2018

14:03

4.249

Големина на фонт

а а а

Почина Вини Пол, тапанар и соосновач на "Pantera", соопштил бендот на Фејсбук.

"Почина Винсент Пол Ебот - Вини Пол. Пол беше најпознат како тапанар на бендовите "Pantera" и "Hellyeah". Моментално нема дополнителни детали. Семејството замолува да ја почитувате нивната приватност", пишува во соопштението на официјалната страница на американскиот хеви метал бенд. 

Пол ја основал "Pantera" во текот на 1980-тите години со братот Дерел Ебот познат по прекарот "Дајмбег". Нивниот татко е Џери Ебот, кантри текстописец и продуцент.

Бендот е номиниран за Греми награда во 1995 и 2001 година. Нивниот трет албум, "Far Beyond Driven" дебитирал на топ листите во 1994 година.

"Pantera" се распадна на крајот од турнејата во 2003 година, по бројни несогласувања помеѓу членовите.

"Работевме многу, многу добро. Во принцип, пејачот сакаше да продолжи понатаму, сакаше да прави некои други работи и навистина изгуби фокус", изјавиле двајцата браќа во интервју за "CNN" во 2004 година.

"Дајмбег" е убиен во 2004 година за време на концерт, од страна на посетител со ментално нарушување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг