Тензично над Пацификот, Американците ги обвинуваат Кинезите: Против нашите авиони употребуваат ласери!

Точка

23/06/2018

12:30

3.850

Големина на фонт

а а а

Кина корисити ласери за ометање на воздушните операции на САД на Пацификот и околу 20 инциденти со ласерско оружје се забележани од септември минатата година, тврдат од американската армија.

Од американската армија, неименуван извор за „СиЕнЕн“ открил дека ласерските зраци биле употребени против американските авиони и дека постои сомнение дека зад сето тоа стојат Кинезите.

Најновиот инцидент се случил пред две седмици, открил еден американски командант кој што побарал да остане анонимен.


Ниту еден од инцидентите не резултирал со повреди. Нападите биле слични на инцидентите кои што се случија во источноафриканската држава Џибути на почетокот на оваа година, кога пилоти на американски борбени авиони претрпеа повреди поради ласери за кои што од американската армија тврдеа дека биле употребени од кинеските воени бази во близина.

Од кинеското министерство за национална одбрана ги отфрлија медиумските извештаи за овие инциденти кои што се случиле над Пацификот. Од кинеското министерство порачале дека американските обвинувања се „неосновани и измислени“.


Најновите ласерки напади поточно се случиле во близина на Источното кинеско море, односно во близина на спорниот архипелаг на острови на кои што право полагаат и Кина и Јапонија. Токму во тие води се наоѓаат важни поморски патишта кои што најмногу ги користат од кинеската и јапонската војска, како и цивили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг