И младата глумица жртва на сексуално злоставување: "Ме нападна додека бев во алкохолизирана состојба"

Точка

22/06/2018

20:00

6.714

Големина на фонт

а а а

Американската глумица Луси Хејл проговори за сексуалното насилство. Таа е само уште една актерка во низата на холивудски жени кои биле жртви на сексуално злоставување, а сега одлучи и таа да ги открие непријатните моменти од бурниот период.

Настанот се случи на почетокот на годината, за кој првенствено сподели на Инстаграм профилот, а потоа објавата набрзо ја избришала. Но, сега откри за што станува збор, пренесува "Дејли Меил". 

Имено, Луси неодамна даде интервју за "Haute Living Magazine", каде се отворила и зборувала за феминистичкото движење #MeToo. Односно, изјави дека и таа е жртва на сексуално насилство, велејќи дека некој ја нападнал додека била под влијание на алкохол.

"Претходно доживеав некои помали работи, но нападот е напад. Има многу девојки кои другите ги искористиле додека биле во алкохолизирана состојба. Тоа ми се случи и мене, но и на луѓе кои ги познавам. Тоа е чест проблем", раскажа глумицата.

Луси ги задржа деталите за себе, па така не откри за кој станува збор, ниту дали лицето кое ја нападна е јавна личност. Меѓутоа, набрзо доби голема поддршка од јавноста, како и од другите жртви.


Луси во јавноста е позната по улогите во ТВ сериите "Како ја запознав мајка Ви", "Округот Оринџ" и "Слатки мали измамнички".




Спонзорирани линкови

Маркетинг