Дури и кога одбира еднобојни комбинации, Ријана секогаш е доследна на својот стил така што знае да претера. Сепак, нели зборуваме за Ријана. На дебито на Вирџил Аблох за Луи Витон кое беше синоќа одржано во Париз во склоп на машката модна недела, специјална гостинка беше и пејачката Ријана.
Поп ѕвездата во Париз дојде за да го поддржи својот пријател заедно со Ким Кардашијан Вест и Каније Вест, кој заедно со Вирџил посетувале модна пракса, а на крајот од ревијата емотивно се поздравија и прегрнаа.
Пред самата ревија на која беше прикажана една електична мода, преполна со винил детали и неон бои, сите очи беа вперени во Ријана која не штедела за аксесоари. Ријана овој пат ја искористи можноста да носи чанти од брендот Луи Витон, па не една, таа носела три чанти.
Свесна дека аксесоарите се доволен магнет за привлекување на вниманието, Ријана се определи за едноставна варијатна, бела модна комбинација со бели чанти. Носеше бел комбинезон со широки ракави и ногавици, како и нагласена крагна.
Имено, Ријана носеше три ултра тренди чанти, една ја носеше околу половината, потоа уште еден сличен модел кој го носеше преку рамо и ПВЦ металик чанта која ја носеше во десната рака.
Кога ѕвездата ќе ја погледнеме во целост, заклучуваме дека на Луи Витон не му се потребни амбасадори ниту манекенки, бидејќи Ријана е сосема доволна за нив со оглед на тоа дека синоќа добро го испромовира брендот.