Љубов на работно место? Еве што вели науката за тоа

Точка

22/06/2018

18:21

8.870

Големина на фонт

а а а

Голема е веројатноста дека на почетокот од Вашето вработување ќе бидете срамежливи и затворени кон новото окружување. А од друга страна сосема е природно дека некоја атрактивна девојка ќе ви остави силен впечаток и ќе посакате да дознаете нешто повеќе за неа. Ставени сте во искушение, меѓутоа Вие си ветивте дека исклучително ќе се посветите на работата? Еве што вели науката за љубовна врска на работно место.

Според податоците на едно британско истражување, 22 % луѓето ги запознаваат своите партнери на работа.

Зошто настануваат љубовни врски на работа? 

Причинител за тоа е големото поминато време заедно на работа. Студијата открила дека двајца од тројца луѓе се подготвени да се впуштат во романса со колега, додека другите избегнуваат да ја мешаат работата и емоциите.  


“Мнозинството од работоспособни луѓе минуваат минимум 1680 часови на работа, анализирано на годишно ниво. Тоа значи дека тие просечен дел од своето време го минуваат заедно со колегите. Доколку работите колективно, шансите да запознаете некој од спротивниот пол, којшто ќе има слични интереси со Вас се уште поголеми“, изјавил Дејвид Бурдо коосновачот на познатата апликација за самопомош и подобрување на животот “Remente“.

Негативните страни на флертот и љубовниот однос на работно место

"Постои старо правило кое вели дека не сакаме да се впуштаме во емоционални односи со колегите. Причините за ова се ризикот од губење на работното место, чувството на непријатност во деловното опкружување или пак можни емотивни компликации кои можат да ја поткопаат вашата професионална репутација ", додава Брудо.


Лажна тревога или вистинска љубов? 

Вашиот колега лесно може да стане најважната личност во Вашиот живот на приватен, љубовен, сексуален и на секој друг можен начин. Затоа, од исклучително значење е да се препознае разликата помеѓу чувството на блискост со некого затоа што се наоѓате во одредена конфузна ситуација и сте професионално принудени да бидете постојано заедно со личноста кон којашто ви се раѓаат симпатии или пак чувствувате вистинска љубов кон Вашиот колега.




Спонзорирани линкови

Маркетинг