Утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието

Макфакс

22/06/2018

18:19

1.490

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на улицата пред Собранието утре, 23 јуни, ќе биде блокиран поради протест.

Од МВР известуваат дека со почеток во 10 часот заради поставување на бина пред Собранието, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ , сообраќајот на улиците Даме Груев и Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница 11 Октомври и Кочо Рацин ќе биде пренасочен.

„Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир“, се вели во соопштението од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг