Заев: Верувам дека срцето на Макрон ќе омекне

Макфакс

22/06/2018

16:43

4.888

Големина на фонт

а а а

Заев се надева на позитивна одлука и вели дека е оптимист дека Европа нема да пропушти шанса да ја поддржи Македонија.

Јас верувам дека ќе омекне срцето на претседателот Емануел Макрон, ги разбирам отворените внатрешни дебати во Франција, таа е голем пријател. Ако Германија, Франција, Италија, Британија, Австрија и другите земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговори, со оглед на воздржаноста од страна на Франција?

Заев се надева на позитивна одлука и вели дека е оптимист дека Европа нема да пропушти шанса да ја поддржи Македонија.

„Јас се надевам на позитивна одлука, која што во најмала рака секако ќе ја дефинира потврдата на препораката за почнување на преговори, почеток на скенирањето на целиот овој процес, ќе дефинира подготвеност за одржување на Меѓувладините седници од кои што секако произлегува и датумот за преговори. Јас сум оптимист, знам дека Европа нема да пропушти да ја охрабри и поддржи Македонија, и сите нејзини граѓани, за тоа што го прават сите овие години“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг