Во олујното невреме кое вечерва преминало преку Полска, загинал градоначалникот на Воломина, кога над него паднала гранка.
Уште најмалку десет луѓе биле повредени, а без струја останале дури 330.000 домаќинства.
"Едно лице загинало а најмалку десет биле повредени во невремето во текот на вечерта. Оштетени се 291 зграда, од тоа 185 станбени куќи. Пожарната стража излегувала на терен да интервенира 4.300 пати", соопштил денес портпаролот на Полската Пожарна стража, Павел Фронтчак.
Градоначалникот на Воломина во близина на Варшава, Роберт Маковски, загинал кога на на него олујниот ветер урнал гранка која го поклопила, а соборените дрвја и гранките се виновници за повеќето повреди и на другите луѓе.
На северот на Полска во Кувајско-померанијското војводство е повреден пожарникар кога се обидел да санира оштетен кров, а над еден работник во Гродзијска Вјелкополска ветерот урнал ѕид.
Wołomin: Wiceburmistrz nie żyje https://t.co/wRY0nxPK48
— InformacyjnaKobylka (@ikobylka) June 21, 2018
Во текот на ноќта поради скршените и паднати далноводи и пожари, без струја останале 330.00 домаќинства, а утрово тој број паднал на 74.000.
На терен излегле околу 20.000 припадници на пожарната стража, најчесто за да отстранат некое урнато дрво или гранка, а најмногу работа имале во Мазовјецкото војводство, чиј центар е Варшава.
21.06.2018 #burze na godzine 15:00 w powiecie #Człuchów 5 interwencji. W tym drzewo przewrócone na budynek mieszkalny w m.Przechlewo pic.twitter.com/BW5PeV5Cz1
— PSP Człuchów 🇵🇱 (@KPPSPCzluchow) June 21, 2018
Udało się uciec spod topora #pogoda pic.twitter.com/20DvBCBpyk
— Tomasz Dereszyński (@TomDeresz) June 21, 2018