Јахтата "History Supreme", официјално е најскапата на светот. Чини неверојатни 4,5 милијарди долари. Да, добро прочитавте.
Угледен британски дизајнер ја редизајнирал јахтата "Стјуарт Хил", а за тоа му биле потребни речиси три години. Оваа веројатно најскапа јахта на светот ја купил анонимен бизнисмен од Малезија во 2011. година и му дал одврзани раце и убав буџет на дизајнерот.
Човек би помислил дека станува за голем брод со базен или слично, но всушност станува збор за јахта долга само 30 метри, што ја става во категоријата помали јахти.
Меѓутоа, тоа што до толку ја кренало вредноста на јахтата е фактот што е обложена со злато и платина.
Потрошени се дури 100.000 килограми злато во обложувањето на јахтата, а еден дел е прекриен со платина. Овие племенети метали се користени за прекривање на палубата, салонот, па дури и сидрото.
Во спалната соба, која е од платина, има статуа направена од коски од диносауруси и камења од метеор.