Меркел со честитка до Заев: Германија силно ќе го поддржи договорот со Грција

Макфакс

22/06/2018

15:52

1.540

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел упати честитки до премиерот Заев по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името.

Како што информираат од владината прес-служба, Меркел во официјалната честитка изразила радост за постигнатиот договор.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор и Вам и на Вашата влада срдечно ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на договорот и силно ќе го поддржи“, се истакнува во писмото со честитки од канцеларката Меркел до премиерот Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг