Познатата тенисерка предупредува: "И децата треба да ги едуцираме за семејното насилство"

Точка

22/06/2018

14:35

2.239

Големина на фонт

а а а

Американската тенисерска Серена Вилијамс изјави дека дебатата за спречување на насилство во семејството не треба да биде фокусирана само на жените, туку и на мажите.

Тенисерската ѕвезда наведила дека едукацијата за насилство во семејството треба да почне уште кога децата се мали.  

"Мислам дека ширењето на едукацијата за насилство на мажите и децата е многу важно. Тоа е човеково прашање. Сите треба да бидеме еднакви", Серена Вилијамс.


Освојувачката на 23 Гренд Слем титули е амбасадорка на фондацијата која за цел има стопирање на насилството во семејството како и тоа што го нарекуваат финансиско злоставување, што се појавува во насилните врски.


Вилијамс рекла дека тоа што е мајка на мало девојче ги прави овие проблеми уште поважни за неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг